Промо кое ќе Ве излуди!

И ако досега издржував да не прочитам ниту еден спојлер, да не видам ниту една слика, да не гледам ниту едно промо или трејлер за новата и последна сезона на Лост, сега тоа се смени.
Речиси секој ден излегува по едно ново право, па затоа еве го најновото!
Толку е збунувачко, толку те тера да размислуваш што…хмм…ПОГЛЕДНЕТЕ САМИ!

LOST промо!

Доколку не го погледнавте видеото и не сакате да читате, клик на искот горе десно. МОЖНИ СЕ СПОЈЛЕРИ!!!

Клип со повеќе НОВИ, досега не видени сцени!

Уште малку, неполни две недели не делат до ПРЕМИЕРАТА. 02.02.2010 ИЗГУБЕНИ – 6та сезона…ПОСЛЕДНА СЕЗОНА!

YouTube Preview Image

Намасте

П.С.Што мислите за промово и за оние нови ситни деталчиња? :)

UPDATE: На овој линк можете да видите исечоци од видеото!

Од исечоците јасно се глед:

-Клер (за прв пат по мистериозното исчезнување во 4та сезона) и тоа верувале или не како член на ДРУГИТЕ (барем јас така мислам).

-Авионот кој се распарчи во воздух на три дела сега се “составува”.

-Лок паѓа од зградата, но сега се чини “нешто” го крева нагоре.

-Тајмерот (во дарма станицата Лебед) не се уништува (добивање на хиероглифи наместо бројката 108) туку продолжува да одбројува, заминува на број 109

-Клер се бакнува со некого (уф, ама кој?!?!)

-Тука се и Доктор Арцт, Бун, Чарли дури и Либи.

-Џин и Сан се заедно!

-Џејт исто како и претходниве (Џек и Кејт)

-Слика со наслов “СЕ СЕ СМЕНУВА”

-Неколку пораки од типот…Кој ќе преживее?, Кој ќе умре?, Кој ќе се врати?

П.П.С. Што мислите за сево погоре и најбитното прашање пак е во мода…ДАЛИ ЌЕ ИМА РЕСЕТИРАЊЕ НА НАСТАНИТЕ?!?!?!?!


МАКЕДОНИЈА

НЕ СЕ ИЗВИНУВАМ НА НИКОЈ КОЈ ШТО СЕ ЗАЛЕПИЛ НА НАСЛОВОТ МИСЛЕЈЌИ ДЕКА ГЛАВНАТА ЦЕЛ МУ Е ПОЛИТИКА!!!

Постов си е сосема Изгубен. Изгубен пост, на Изгубен блог, создаден на ИЗГУБЕНА ТЕРИТОРИЈА! Не дека сме остров, ама подобро да бевме.

Сето ова незадоволство клокоти во мене подолго време. Поттикната од постот на мојот Изгубен колега Лостич си реков да се пожалам и јас малку.

Па добро бе, каде ние живееме. Секој трет зборува за кладилница, секој втор за политика, а секој прв пак за ШЕЌЕРНАТА! Е веќе, преку нос од сите тие трети, втори и први. Нивни живот, нивни теми за разговор…но…сите знаеме дека се што е претерано не чини, па и ова. Па да се прејадиш бурек ќе те боли стомак, а не пак ова. Туку ај и јас, да не почнувам…зошто ќе ми треба 1001 ноќ (ИРОНИЈА де!) да завршам. Муабетот ми беше зошто НИЕ, фановите на серијав (ИЗГУБЕНИ, да не се разбереме погрешно) ги немаме овие можности…

Инаку, едно мало објаснување…ова се најновите за некого “неважни ситници” кои можам да се оложам дека нема обожавател кој не сака да ги има!

И на крај едно видео…за инает на сите ХЕЈТЕРИ на Џек!
YouTube Preview Image

Намасте

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

ЕДНА ГОДИНА ПОСТОЕЊЕ! За Вас, читателите на овој “ИЗГУБЕН” Блог!

Измина фамозната,  прва,  почетна година на дружењето на нашиот драг и мил блогерај. Спомени кои никогаш нема да се заборават во мојата “хакерска” кариера. Најразлични мигови, поминати весело и среќно е она кое што ќе го запаметам, а нервозните моменти веќе се заборавени.

Повелете, почестете се LostyFox чести! NAMASTE!

Уште еден Златен Глобус зад нас!

Се си врви се се’ менува, токму како и самиот наслов. Вчарашната вечер бевме сведоци на уште едно издание на Доделување на наградите Златен Глобус во Америка кое се одржува секоја година овој пат 67 по ред.

Еве кој како помина. Кој што зеде. Кој што не зеде. Кој си замина радосен кој остана тажен. Кој ќе се радува на статуетката кој ќе жали поради неговиот неуспех или еноставно речено поради наместената работа. Кога сум овде, кај местенките и сите тие неферски работи нормално алудирам на нашиот Изгубен пратеник Мајкл Емерсон кој не ја освои наградата.

Мора прво да започнам со кој ако не друг Аватар. Научно фантастичниот блогбастер кој само за неполн месец успеа да донесе заработка од над 1,6 милијарди долари беше избран за најдобар филм и режија. Со овие две статуетки Аватар успеа да го долови чувството на дежа ву на добро познатиот режисер Џејмс Камерон кој пред 12 години истиот овој успех го постигна со незаменливиот “Титаник”.

За најдобра машка и женска улога во категорија драма статуетките Златен Глобус ги понесоа Џеф Бриџис за улогата во филмот “Crazy Heart”, а во истата категорија најуспешна од жените беше Сандра Булок за својот придонес во филмот “The Blind Side”. И актерот и актерката за прв пат ја добиваат оваа награда во својата филмска кариера.

Во категоријата пак Комедија заслужено статуетката и припадна на урнебесната комедија “The Hangover”. Во оваа категорија за главна машка и женска улога беа избрани Роберт Дауни Џуниор за филмот “Шерлок Холмс” и Мерил Стрип за филмот “Џули и Џулија”. Најдобра споредна машка улога е Кристоф Волц (Inglorious Bastards) и Мо’ник во (Precious).

Одиме во светот на анимацијата. Најдобар анимиран филм за изминатата година е филмот “Up”, а филм со најдобро сценарио е “Up In The Air”.

Овде има нешто со кое што можеме да се пофалиме. Имено Мајкл Гјачино (човекот кој што ја прави извонредната музика за Изгубени) ја освои наградата за најдобра музика од филмот “Up”, а најдобра песна пак е избрана песната од филмот „Crazy Нeart“ – „The Weary Kind (Theme From Crazy Heart)“ од авторите Ти Боун Бурнет и Рајан Бингам.

Сесил Б. ДеМил наградата за особен придонес во шоу бизнисот му припадна на легендарниот режисер Мартин Скорсезе.

Целосната листа на победници по категории можете да ја видите, тука.

Тајната Вечера ПАК!

Дали уште при првиот поглед на сликата останавте збунети? Претпоставувам ДА. Епа ако е така тогаш погледнете ја оваа фотографија каде што има “објаснување” зошто, кој и како е наместен на трпезата.

Namaste

Изгубени на А1!

Од  наредниот Вторник (12.02.2010) сите обожаватели на најдобрата серија ширум светот ќе можат да седнат пред А1 ТВ со пуканки во раце и пред се СО ПРИЧИНА да гледаат А1…зошто во 21.30 часот (терминот на Lost) навистина ќе има нешто квалитетно што ќе може да се види!

НАМАСТЕ

Промотивни слики!

Најновите промотивни слики за најновата и последна шеста сезона!

Дали веќе знаете за што се работи? Доколку не можете да се сетите еве уште една слика!

Еве на што мислеле АВС! Тајната вечера!

Што мислите? Лок е поистоветен со Исус? Кој е Јуда? ШТО? КАКО? ЗОШТО?…. Коментирајте!

Намасте

Маtthew Fox презентер!

Актерот Мatthew Fox кој го оживеа ликот на Доктор Џек Шепард во Изгубени ќе биде презентер на овогодинешното 67 по ред одржување на наградите Златен Глобус (Golden Globe Awards).

Други презентери кои ќе му прават друштво на сцената се актерите убавиот  Колин Фарел и “лудиот” Мики Рурк. Нивните поубави половини таа вечер се: Црномурестата убавица Хали Бери, контроверзната Џенифер Анистон и прекрасната Џулија Робертс.
Fox
Наградите ќе се одржат на 17 Јануари. Ќе бидат емитувани од Американската продукциска куќа NBC а нивни домаќин ќе биде Ricky Gervais.
Namaste!

Зошто ОВА?????????????

Знам дека ќе звучи лудо, плачењето и тажењето по стариот Блогерај НО неможев да издржам а да не го изразам мојот револт јавно.

И знам дека секогаш има персони кои што се прилагодуваат на промените лесно, а има и такви кои им треба време да се навикнат. Но секоја промена зар не треба да е на подобро?

Според мене ОВА Е ТОТАЛНО ПРОМАШУВАЊЕ

НЕРВОЗНО НАМАСТЕ!